Вчера (11 април) во 14 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на крстосницата на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, патничко моторно возило „бмв“ удрило во 45-годишниот тетовец А.Б., по што го напуштило местото.
-Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од тетовската полиција.