Соопштение на СВР Тетово 17 април 2024 година
На 16.04.2024 во 11.15 часот на улица „Никола Тесла“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.М.(56) од Тетово, кој бил пријавен од Д.С.(38) од Тетово дека околу 10.05 часот во неговиот угостителски објект му се заканил со остар предмет, но бил спречен од гостите во објектот. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 16.04.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат село Волковија – Тетово, во близина на тетовски Челопек, А.Л.(61) од тетовски Челопек, управувајќи мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во тетовската Клиничка болница. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (16 април) во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е акциска контрола за непрописно престигнување.
При контролата биле откриени и санкционирани 31 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-22), престигнување недозволени места, полна линија, колона, непрегледна кривина и друго. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци. При контролата било констатиран и санкциониран 1 (ГВ) останат сообраќаен прекршок.
СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните превила и прописи, а со тоа да придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.