Соопштение СВР Тетово 8 април 2024
Полициски службеници вчера го привеле К.А.(53) од Бродец, кој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од 11 месеци за извршено кривично дело ,,измама„ по член 247 од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
……
На 07.04.2024 во 00.20 часот и во 13.00 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници од Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода Ј.М.(19) и И.Ф.(32) од истото село. Тие се сомничат дека на 02.04.2024 во с.Добридол извршиле кривично дело „тешка кражба“ во куќа. Во полициска станица со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
…….
На 07.04.2024 околу 13.00 часот на Граничен премин Јажинце, поради непријавен престој на подрачјето, полициски службеници го привеле О.О.(50) од Република Албанија. Тој бил задржан во СВР Тетово за понатамошна постапка.
……
На 08.04.2024 во 01.00 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишиле од слобода Р.А.(43), кој бил пријавен од неговиот татко Ш.А.(65) дека пред нивната семејна куќа во селото физички го нападнал. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 07.04.2024 во 16.35 часот во Полициското одделение Камењане, И.Ќ.(57) од тетовско Боговиње пријавил дека пред угостителски објект во селото бил физички нападнат од М.А.(38) од истото село. Се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот.
……
На 07.04.2024 во 19.50 часот во СВР Тетово, Ш.Л.(21) од Тетово пријавил дека на улица ,,Илинденска“ во Тетово, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Според пријавеното, лицето се обидело да употреби и дрвен предмет, но било спречено од случајни минувачи. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
……
На 07.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинденска“ со ул.„Вонвардарска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу четирицикл „стил“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Тетово и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(37) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид.
…….
На 07.04.2024 во 13.15 часот во СВР Тетово, Р.Т.(68) од Тетово пријавил дека кај спортското игралиште АМС во Тетово бил каснат од куче скитник.