Соопштение на СВР Тетово 5 јули 2024
На 04.07.2024 година околу 21.10 часот на регионален пат Тетово -с. Волковија, поточно во тетовска Брвеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(43) од тетовско Прељубиште и велосипед управуван од 58-годишната Р.Р. од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Р., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
На 04.07.2024 година во 12:00 часот во СВР Тетово, М.Б.(58) од Тетово пријавила дека во работилница во Тетово, по вербална расправија во врска со долг за завршена услуга, била физички нападната од женско лице Х.Х. од Тетово, која при нападот ја употребила нејзината ташна во која имало тврд предмет, а нејзиниот сопруг И.Х. ја оневозможил да избега. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
На 04.07.2024 година во 14:00 часот во СВР Тетово, А.А(54) од тетовски Урвич пријавил дека во нотарска канцеларија во Тетово бил физички нападнат од Н.И. од Тетово, со кого требало да потпишат договор, а кој при нападот употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следи соодветен поднесок.
На 04.07.2024 година во 10.55 на улица ,,Борче Јованоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле А.Д.(56) од Гостивар, а во 11.20 часот на улица ,,Браќа Ѓиноски“ во Гостивар ја привеле Х.С.(36) тетовско Седларево, затоа што питачеле. По документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Вчера (04 јули) од 17 до 23 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е општа акциска контрола во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 74 прекршоци (ТЕ-33 и ГВ-41), од кои 41 (ГВ) ја пречекориле максимално дозволената брзина, и тоа 34 надвор од населено место и 7 во населено место, 25 (ТЕ) биле погрешно или непрописно паркирани од кои 7 биле подигнати со специјалното возило „пајак“, едно возило имало технички неисправности, 2 возила (ТЕ) биле со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола, а 2 возачи (ТЕ), поради управување возило без положен возачки испит. При контролата, исто така, санкционирани се и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-2).
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до учесниците во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила, прописи и ограничувања, да ја прилагодат брзината според условите на патот, навреме да ја проверат техничката исправност на возилата, посебно на сопирачките и уредите за управување, но и на светлосната сигнализација, пневматиците и другите системи. На тој начин најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.