Петнаесетгодишна малолетничка е повредена во сообраќајна незгода денес околу 13 часот во Тетово. Девојчето пеша било удрено од возило управувано од 22 годишно женско лице.
-Денес (27 ноември) во 13 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Видоја Смилевски-Бато“, во близина на тетовско основно училишта, патничко моторно возило „фолксфаген голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната А.А. од Скопје удрило во малолетен пешак. Во несреќата, малолетничката се здобила со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпатол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.