• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Повторно се појавија одрони на патот од Тетово до месноста Бањиче

05/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓаните алармираат дека веќе неколку недели има потенцијална опасност по луѓето и возилата од паѓањето на земјата, камења и карпи долж патот и патеката за рекреација од Тетово кон месноста Бањиче. Наноси од земја, разни големини на камења и делови од карпи периодично паѓаат, појава што е карактеристична за овој предел особено во есенските и зимските месеци.

Одроните се забележителни на повеќе места долж патот, а кај хидроцентралата според поставената табла од октомври се почнати градежни работи за стабилизација на свлечиште.

Од Општина Тетово информираат дека поради дестаблизиција на земјиштето градежните работи кај хидроцентралата се времено стопирани.

-Во врска со изведбата на работи за “Санација и стабилизација на свлечиште ЛОТ 3 во ХЕЦ Пена, Општина Тетово”, на планината се појавени пукнатини и земјиштето моментално е дестабилизирано. Дестабилизацијата, односно пукнатините на косините се појавени и на места каде Изведувачот воопшто нема започнато со работа. Бидејќи сеуште не е безбедно за работа, активностите на терен се прекинати и се очекува да започнат напролет. Инаку проектот за свлечиштето е на УНДП, кој има уште три дополнителни проекти во Тетово-за населено место Бозовце, Шипковица и Порој, информираа од Општина Тетово.

Во април 2021 во време на претходното раководство на Општината, патот беше целосно затрупан поради градежни работи на свлечиштето кај хидроцентралата.

 ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

НП Шар Планина: Во ноември на три локации извршено пошумување на 33 хектари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.