Соопштение на СВР Тетово 9 април 2024
На 08.04.2024 во 08.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во дворно место во населба Дреновец во Тетово настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ј.И.(31) од Тетово. Екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
……
На 08.04.2024 во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „180“ во Тетово настанал пожар на смет надвор од контејнерите, при што биле зафатени патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на А.Б.(48) од Тетово и патничко возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Р.С.(58) од Тетово. Од Тетово. Екипа од СВР Тетово извршила увид на лице место.
……
На 08.04.2024 во 21.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Е.(53) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена поголема количина на пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од „тешка кражба“ извршена на 02.01.2024 во домот на А.С.(31) од Тетово. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
……