Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Александар Велјановски од Тетово со осуда за симнувањето на црковното знаме.
-Има ли држава и институции! Повторно сме сведоци на провокации кои доаѓаат од центри кои имаат намера да испровоцираат меѓуетнички тензии. Најостро го осудувам симнувањето на црковното знаме и подигањето на знаме на друга држава во црквата свети Наум Охридски на Попова Шапка. Истите институции и политички партии кои беа гласни за тоа што се постави Крст во двор на црква на Попова Шапка што е легитимно право на една верска заедница да постави верски симбол очекувам да бидат поактивни и погласни кога спротивно на закон се спушта црковно знаме и на негово место се подига знаме на друга држава. Ќе реагираат ли веднаш институциите или уште ќе политизираат за политички поени, вели Александар Велјановски.