Претставата „Професионалец“ по текст на српскиот драмски писател Душан Ковачевиќ, а во режија на Саше Серафимовски, се игра утрево Центарот за култура „Иљо Антески-Смок во Тетово.
Режисерот подготви втора камерна верзија и изведба на овој текст, по првата претстава во јуни 2023 година.
„Пролетна камерна изведба е втора верзија на овој драмски текст од Душан Ковачевиќ кој дозволува да се игра како, кога и каде сакате. Станува збор за безвременски текст кој нема временска рамка, може да го сместите во 80-тите или 90-ти години или сега. Тогашните проблеми, тогашните додворувачи на системот, постојат и денес. Тоа е еден од главните мотиви поради кои се работи „Професионалец“. Најчесто работеле работи кои не им биле работа, само да се додворуваат на постоечката политичка номенклатура кои се на власт, информираше Саше Серафимовски.
Втората верзија е со цел намена на играње на помали сцени низ Македонија, освен во Тетово ќе има претстави во Охрид, Куманово, Битола и Велес и во мај гостување во МНТ.
Серафимовски ја игра улогата на главниот лик Тодор Кралевски, а со него на сцена се и Раде Наумчевски, Маја Николовска и Драгољуб Апостолски-Ганда. Претставата ќе почне во 20 часот.
ас