Соопштение на МВР 4 април 2024
На 03.04.2024 во 17.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода И.Б.(58) и В.Б.(25), двајцата од Тетово. При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со хероин. Лицата се задржани во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 03.04.2024 во 13.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.С (54) од тетовско Гајре, кој бил баран по потерница за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.