• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Превентивни активности на СВР Тетово за ловната сезона

02/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Службеници на тетовската полиција од денес започнаа со одржување средби со претставници на ловечките друштва од полошкиот регион окиолу потребата од доследно почитување на законските одредби поврзани со ловот на дивечот.

-Секторот за внатрешни работи Тетово започна со првата од десетината планирани средби со ловечките друштва од поширокиот Полошки регион. Полициски службеници на Отсекот за превенција го посетија Ловечкото друштво „Шар Планина“ во Тетово и разговараа со неговите претставници околу новата ловечка сезона, која порано од вообичаено започна на први овој месец. Во разговорите посебно им беше укажано на потребата членовите на ова Друштво целосно да ги почитуваат одредбите на Законот за лов и Законот за оружје, а кои посебно се однесуваат на начинот на ловење, ракување и чување на ловечкото оружје, порача Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Според Јосифоски, претставниците на „Шар Планина“, пак, како приоритетен проблем за решавање пред полициските службеници на СВР Тетово го посочиле излегувањето на лов на поединци без соодветна ловечка дозвола или со наследено оружје од нивни најблиски без да поседуваат дозвола за истото.

-На средбата, исто така, станало збор и за конкретните законски импликации доколку во наредниот период  не се почитува важечката регулатива од 350-те членови на ова Друштво, на петте ловишта во негова надлежност, истакна портпаролот.

Вакви средби до средината на месецот ќе се одржат и со другите друштва на тетовско-гостиварското подрачје.

ас

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Во Тетово се одржа марш против насилството врз децата и жените

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.