Соопштение на СВР Тетово 3 јули 2024
На 02.07.2024 година во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово – Ургентен центар бил донесен починат А.А.(53) од тетовско Џепчиште. Според пријавеното, тој паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во правно лице од тетовско Непроштено, по што им подлегнал на повредите. На лице место увид извршила увидна екипа при СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Денеска (03.07.2024), полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој. Имено, во периодот од 07.30 до 08.30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Х.Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш. Х.Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2024 година во 23:30 часот во СВР Тетово, 36-годишна тетовка пријавила дека околу 20.30 часот била физички нападната од нејзиниот сопруг С.С.(36) од тетовско, со кого живеат разделено. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2024 година околу 18:40 часот полициски службеници од СВР Тетово во тетовско Брвеница го привеле М.Ј.(20) од Брвеница, кој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 02.07.2024 година во 23.30 часот во ОВР Гостивар, С.И.(38) од гостиварско Чегране пријавил дека околу 20.30 часот, додека бил на работно место во угостителски објект во селото, бил физички нападнат од неговиот соселанец Е.И. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 02.07.2024 година во 13:40 часот Т.С.(54) од гостиварско Врапчиште пријавила дека околу 10.30 часот пред нејзината куќа во селото била физички нападната од нејзината сосетка И.Ш., со која подолг период имаат нарушени односи. Според пријавеното, при нападот таа користела и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следи соодветен поднесок.
На 03.07.2024 година во 01.50 часот полициски службеници од СВР Тетово ги привеле В.Л.(20) и Б.Д.(19), двајцата од Тетово, кои претходно биле пријавени дека пред угостителски објект на улица „Киро Ристоски-Дрнц“ во Тетово го нарушувале јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (02-јули) во периодот од 17.00 до 23.00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 33 прекршоци (ТЕ-28 и ГВ-05), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига, 23 (ТЕ-18 и ГВ-5), потоа 5 (ТЕ) за управување без возачка дозвола, 3 (ТЕ) за изминат рок на осигурителна полиса,. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 14 (ТЕ-11 и ГВ-3) останати сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат мотоцикл без положен возачки испит, затоа што на тој начин ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот