Соопштение СВР Тетово 7 февруари 2024
Седумдесет и тригодишна тетовка, вчера (6 февруари) во 16 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 16 часот во заедничката куќа во Тетово физички била нападната од нејзиниот внук В.Н.. Се расчистува и документира случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (6 февруари) околу 10 часот и 45 минути на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот С.К. од тетовски Порој, кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.
Триесетгодишна тетовка, вчера (6 февруари) во 9 часот во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот брат И.К.(36) физички ја нападнал и дека заедно со нејзините родители и ги одзеле личните документи, поради што таа не била во можност да се врати во Франција каде била омажена и престојувала. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (6 февруари) во 20 часот и 15 минути во СВР Тетово, А.Ј.(46) од тетовска Палатица пријавил дека на 22 минатиот месец околу 21 часот во угостителски објект во селото физички бил нападнат од малолетник од ова село. На нападот му претходела вербална расправија помеѓу напаѓачот и внукот на А.Ј.. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (6 февруари) во 16 часот во СВР Тетово, 41-годишен жител на тетовско село пријавил дека две лица во Германија, од кои едното од Гостивар, во 2022 година му ветиле дека ќе му обезбедат документи за работа во Словачка, а тој за таа услуга им платил одредена сума пари. Но, досега ниту му ги обезбедиле документите, ниту му ги вратиле парите. Се расчистува случајот