Соопштение на СВР Тетово 11 април 2024 годиина
На 10.04.2024 во 16.45 часот во СВР Тетово, Ш.А.(70) од Тетово пријавил дека во угостителски објект во Тетово бил физички нападнат од вработениот Б.„Н“. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2024 во 14.40 часот во СВР Тетово, 39 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од В.А. од тетовска Стримница за сума од 2.700 евра. Според пријавеното, во ноември 2023 во неколку наврати му ги зел парите, ветувајќи дека ќе му заврши работа во врска со објавена клевета на телевизиска емисија во Република Албанија, но откако не била завршена работата, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.04.2024 во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле М.С.(46) од тетовско Туденце затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава