• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Притвор за приведен турски државјанин во Тетово кој се барал со меѓународна потерница за 15 години затвор

03/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Турски државјанин кој времено престојувал во Тетово е приведен во понеделникот, а вчера судија во претходна постапка му одредил притвор од осум дена поради сомнение дека ја фалсификувал неговата патна исправа и непријавено престојувал во државата. Според информациите на Обвинителството, во текот на истрагата било утврдено и дека 50 годишникот е баран со меѓународна потерница од Турција каде е осуден на затворска казна од 15 години поради дрога.

– Против 50-годишен државјанин на Република Турција Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по поднесена кривична пријава, поведе постапка за кривично дело-Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот поседувал фалсификувана турска патна исправа. По предлог на јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово на осомничениот му определи мерка притвор во траење од осум дена. По направените проверки, утврдено е дека за осомничениот има распишана меѓународна потерница од Република Турција, каде е осуден на затворска казна од 15 години за кривично дело – Комерцијализација или набавување на наркотици или стимулативни супстанции согласно турското законодавство. Потерницата е распишана во декември 2022 година, информираше Обвинителството.

СВР Тетово информираше дека 50-годишниот А.Ш.од Република Турција околу пладне на 1 мај бил лишен од слобода на улица „29 Ноември“ во Тетово поради сомнение дека ја фалсификувал неговата патна исправа. Вчера навечер турскиот државјанин бил приведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на притворот.

ас

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Следна објава

Повредено дете поради напад од бездомно куче, тетовци алармираат на глутниците и опасност по здравјето и животот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!