Триесет денови притвор доби 37 годишник од Џепчиште како осомничен за вчерашниот физички напад и повредување на 57 годишник од Слатино.
-Тој се сомничи дека вчера (26 јуни) околу 11 часот и 45 минути на улица “Благоја Тоска” во Тетово, заедно со уште неколку други лица физички го нападнале 56-годишниот А.Б.од тетовско Слатино и со употреба на тврди и остар предмет му нанеле повреди.Повредениот набргу бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Увид координирано извршиле Јавно Обвинителство и екипа од СВР Тетово,информираа од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.
По одредена мерка притвор од судија во претходна постапка Б.М.(37) од тетовско Џепчиште е спроведен во КПУ Скопје за издржување на мерката.