Соопштение на СВР Тетово 13 мај 2024 година
На 12.05.2024 околу 19.00 часот на Градски стадион во Тетово, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите од ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Струга Трим Лум“ од Струга, полициски службеници од СВР Тетово го привеле З.М.(18) од кичевско Жубрино затоа што го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со друго лице. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 12.05.2024 во 16.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.А.(68) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.00 часот во Тетово физички го нападнал Х.З.(24) од Тетово, при што употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.З.(32) од тетовско село, кој бил пријавен од неговиот 57-годишен татко и неговата 32-годишна сопруга дека во семејната куќа во селото агресивно се однесувал и им се заканувал, а се обидел и физички да ја нападне неговата сопруга. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 12.05.2024 во 15.45 часот во СВР Тетово, С.У. пријавил дека на патот од локалитетот Лешница кон Попова Шапка неговите пријатели со четирицикл паднале во провалија и не одговарале на неговите повици. Полициски служби излегле на местото и во близина на бачилото ги затекнале С.У. и повредените Ф.Ф.(24) и С.С.(23) од Тетово и ги однеле до Попова Шапка од каде со амбулантно возило биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде што им биле констатирани телесни повреди.