Соопштение на СВР Тетово 21 март 2024
Вчеравечер (20 март) околу 22 часот и 30 минути на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот И.И. од тетовска Шипковица, кој се однесувал агресивно и неовластено ги снимал додека преземале службени дејствија. Се расчистува и документира случајот.