Соопштение на СВР Тетово 21 декември 2023 година.
Вчера (20 декември) околу 19 часот и 15 минути во СВР Тетово повикан е 47-годишниот тетовец Г.И., кој два часа пред тоа бил пријавен од 35-годишната тетовка А.Р. дека околу 13 часот и 30 минути на улица „Полог“ во Тетово физички го нападнал нејзиниот 41-годишен сопруг В.Р.. Покрај ова, според пријавеното, Г.И. повеќе пати им се заканувал и барал поголема сума пари кои наводно му ги должеле. Подоцна, во СВР Тетово бил повикан и В.Р. Се расчистува и документира случајот и против Г.И. ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (20 декември) околу 20 часот и 30 минути во тетовско Јажинце, во близина на граничниот премин, лишиле од слобода малолетник од Република Косово. Тој во 19 часот бил пријавен од 18-годишна жителка на тетовско село дека ги злоупотребил нејзините лични податоци и дека и се заканувал дека на социјалните мрежи ќе објавел нејзини експлицитни фотографии и податоци ако не му платела одредена сума пари. По целосно документирање на случајот на малолетникот од Косово ќе му бидат изготвени поднесоци.
Вчера (20 декември) околу 14 часот полициски службеници на СВР Тетово го привеле 21-годишниот тетовец Б.М., кој се однесувал агресивно кон нив и одбил наредба додека преземале службени дејствија на улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ во Тетово. Се расчистува случајот и против него ќе биде изготвен поднесок.
Вчера (20 декември) од 10 до 14 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачите – дали и колку тие ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. Притоа, биле откриени и санкционирани вкупно 24 возачи (ТЕ-19 и ГВ-5) кои не ги пропуштиле пешаците на обележани премини. На прекршителите им се изготвени поднесоци со парични глоби кои, зависно од видот и карактерот на прекршокот, се движат од 200 до 250 евра во денарска противвредност. На оние со изречена глоба од 250 евра времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-3). Со оглед на зголемената сообраќајна фрекфренција на поширокото полошко подрачје, Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите редовно да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, а пешаците, пак, да внимаваат кога и каде ги преминуваат улиците и како се движат, посебно на улици и патишта на кои нема обликувани тротоари.
……