Соопштение на СВР Тетово 11 јуни 2024 година
На 10.06.2024 во 23.00 часот на ул.„Димо Гавровски Кара“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Ф.Ј.(21) од тетовско Добарце, која била барана по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 10.06.2024 во 23.45 часот во Полициската станица Тетово, 58 – годишна жена од Тетово пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од роднината Р.У.(38) од Тетово. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.06.2024 во 02.00 часот во Полициското одделение Камењане, Ј.С.(45) од тетовски Пирок пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка С.С.(22). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.