Вчера (20 ноември) околу 12 часот и 35 минути, во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, кои претходно противправно одзеле патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, а со кое нешто подоцна предизвикале сообраќајна несреќа. Возилото е пронајдено и вратено му е на сопственикот М.В.(51) од Тетово, а против малолетниците ќе следуваат соодветни поднесоци, информира СВР Тетово.
Малолетеничка од Тетово, вчера (20 ноември) во 12 часот во СВР Тетово пријавила дека претходниот ден околу 21 часот физички била нападната од 18-годишниот тетовец А.Е., со кого претходно била во љубовна врска. Според пријавеното, таа влегла во неговото возило и двајцата заминале во угоститлски објект, по што набрзина изглеле од објектот, а пријавениот повторно физички ја нападнал. А.Е. сам се пријавил во Полициската станица Тетово. Се расчистува и документира случајот и против А.Е. ќе следува поднесок.