Вчера ( 8 мај) околу 17 часот и 30 минути во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот тетовец К.И. При претрес, извршен со судска наредба во домот во кој престојувал, бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот на К.И, кој бил задржан во Полициската станица Тетово, ќе му биде изготвен поднесок
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (8 мај) околу 20 часот и 55 минути во Тетово ги лишиле од слобода тетовците Ф.Ш.(47) и Б.Ш.(41). При претрес, извршен со судска наредба во нивниот дом, пронајден е хероин и две странски возачки дозволи и лична карта за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.