СВР Тетово информира дека полициски службеници вчера (2 февруари) околу 12 часот и 45 минути на улица „Струшка“ во Тетово ги лишиле од слобода К.З.(56) и И.З.(53) од Тетово. Тие се сомничат дека околу 12.15 часот на на улица „Маршал Тито“ во Тетово одзеле паричник од 38-годишната Ш.Е. од гостиварско Врањовце. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Вчеравечер (2 февруари) околу 21 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 56-годишниот С.Р. од тетовско Теново. Еден час претходно тој бил пријавен од 44-годишниот Д.К. од тетовска Брвеница дека во Теново, при нивна меѓусебна расправија, едно лице кое било со С.Р., му се заканило со огнено оружје и го повредило. Се расчистува и документира случајот, соопшти СВР Тетово.
Полицијата информира дека дваесет и едногодишниот М.Ф. од тетовски Пирок, вчера (2 февруари) во 14 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавил дека неговиот малолетен брат во училишен двор во селото физички бил нападнат од друг малолетник, по што во физичката пресметка се вклучил и М.Ф.. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Во СВР Тетово ноќеска (3 февруари) во 1 часот, 26-годишна тетовка пријавила дека на 02.02.2023 околу 15 часот и 30 минути на улица „Јане Сандански“ во Тетово била физички била нападната од Д.М.(27) од Тетово, со кого подолго време била во врска. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (2 февруари) во 13 часот, Е.Б.(27) од гостиварски Градец во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот и 20 минути во близина на угостителски објект во селото, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, физички бил нападнат од 57-годишниот соселанец Р.Р.. Се расчистува и документира случајот.