По повод 27 годишнината од основањето Општина Брвеница на денешната манифестација која се презентираше отчет за сработеното во 2023 година, беа прогласени тројца почесни граѓани и доделени признанија на 40 граѓани кои придонеле со нивната работа за афирмација општината. Градоначалникот Јовица Иливеси со претседателот на Советот Бујамин Рушити ги доделија плакетите и признанијата.
За почесни граѓани беа прогласени двајца поранешни градоначалници Насуф Синани (2000-2005) и Џелал Рамадани (2005-2009) како и Иван Неделковски, земјоделски инженер долгогодишен директор на земјоделскиот комбинат „Вардар“
За најдобар спортски работник за 2023 година
-Јован Коруноски, поранешен фудбалер и одговорен за стадионот и спортската сала во Брвеница
-Тони Јакимовски, Селектор на У19
-Дончо Богданоски, поранешен фудбалер
-Rијат Реџепи
-Фатмир Салаи
Најдобар културен работник и манифестација во 2023 година
-Александар Галоски (ДиЏеј Галоски)
-Летечка Театарска Трупа од Тетово
-Хисније Река
-Маријана Алексоска Младеноски
-Јована Богданоска – вокален солист на традиционални песни
-Јусуфзија Адеми
-Ејуп Тахири
-Илијана Ѓорѓеска
Најдобри наставници за 2023 година
-Александар Цветкоски, одделенски наставник од ООУ „Коста Рацин“- Брвеница
Лина Тренкоска, наставник по ликовно од ООУ „Коста Рацин“-Брвеница
-Мерита Емини, наставник по биологија од ООУ „7 Март“-Челопек
-Летка Сибиновска, наставник по одделенска настава од ООУ „7 Март“-Челопек
-Полита Перовска, наставник по англиски јазик од ООУ „Гоце Делчев“-Стенче
-Шпреса Лимани наставник по одделенска настава од ООУ „Гоце Делчев“- Стенче
Најдобри ученици зa 2023 година
–Исидора Столеска VIII-2 одделение во ООУ „Коста Рацин“- Брвеница
-Кристина Маркоска VIII-1 одделение во ООУ „Коста Рацин“-Брвеница
-Флорент Дурмиши XI-2 одделение во ООУ „7 Март“- Челопек
-Пантелејмон Јовановски IX-1 одделение во ООУ „7 Март“- Челопек
-Јана Стојановска IX одделение во ООУ „Гоце Делчев“-Стенче
-Ендрит Мурати VII одделение во ООУ „Гоце Делчев“-Стенче
Најдобар работник во 2023
-Сашо Анѓелковски хаус мајстор во ЈОУДГ „СОНЦЕ-ДИЕЛИ“ Брвеница
-Драган Коруноски работник во оддел водовод во ОЈП „Вардар Брвеница“
-Рамадан Селмани, работник во оддел канализација во ОЈП „Вардар Брвеница”
-Дракче Стефановски советник Општина Брвеница
-Арифе Идризи самостоен референт во Општина Брвеница
Најистакнати верски и духовни лидери во 2023 година
Отец Ивица Спасеноски
Имам Гафур Синани
Општествено одговорни компании во 2023 година
–ЕНЕРГО Р ГРОУП, ДОО експорт-импорт с. Теново, Брвеница
–БАШКИМ-ТУРС, ДООЕЛ експорт-импорт с. Теново, Брвеница
Најдобра граѓанска организација во 2023 година
-ФОНДАЦИЈА ,,АЛБИЗ”
Најдобар советник за 2023
-Бујамин Рушити
Општина Брвеница е формирана со Одлука за основање на 17.12.1996 година, составена од 10 населени места Брвеница, Долно Седларце, Челопек, Милетино, Блаце, Радиовце, Теново, Стенче, Волковија и Гургурница. Во рамки на општината постојат три централни училишта и осум подрачни училишта, една градинка и едно општинско јавно претпријатие.