Едно од најзначајните дела за Македонија и идентитетот на Македонците – “Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име” на авторот Бранислав Светозаревиќ-Покорни, пристигна и во Париз, Франција, во склоп на европската промоција.
Д-р Бранислав Светозаревиќ, заедно со промоторите Ацо Крстески, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Европа и м-р Маја Славева, докторант по безбедносни науки, во Македонската Православна Црква “Свети Кирил и Методиј” во Париз, пред македонските иселеници детално ја претставија книгата и го истакнаа нејзиното значење за македонскиот народ и историја.
Тимот на авторот упати благодарност до домаќините, Протоереј о. Даниел Стојчевски, Владимир Будимовски и целиот тим на Македонци во Франција, за нивната гостопримливост и беспрекорна организација на настанот.