• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово вчера беше промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов.  На речиси 400 страници претставени се биографиите на 246 странски сликари и 590 фотографии од нивните дела создадени во Македонија во периодот помеѓу 1850 и 1950 година.


-Во Лексиконот се евидентирани околу 250 сликари во еден период од 100 години што за цивилизацијата е многу интересен и од уметничка гледна точка. Во тој период уметничките стилови се менуваат од  импресионизам, во кубизам, во експресионизам, па доаѓа модерна уметност. Од техничка гледна точка се открива телефонот, радиото, автомовилот, авион. Од историска гледна точка за Македонија тоа е од извонредно значаен временски период почнуваат нашите комити да се борат, па доаѓаат Балканските војни, па Првата светска војна па Втората светска војна. Правиме една комбинација на историја и култура на едно место, изјави Влатко Милошевски.

Наоѓањето на сликите создадени од странци во Македонија е негова идеја која започнала во 2004 година.  Тој собрал над 200 слики, а од нив триесетина вчера на промоцијата и тетовци имаат можност да ги видат.

-Сите слики се купени на аукции во Лондон, Париз, Берлин, Вашингтон, Њујорк. Една од по една. Стапував во контакт со потомците на сликарите. И така прават приказна за една поинаква Македонија како тие ја виделе Македонија со свои очи.  За нив Македонија била многу интересна инеобична земја, многу егзотична земја. Земја во која на едно место живее разни култури, разни религии. Луѓето по пазарите збореле 3-4 јазици, во еден муабет вртеле од македонски, на албански, на влашки на турски и таа комбинација на култури била невидена за нив. Во сите дела преовладува тој мотив. Сцени од пазарите низ Македонија, портрети на македонски селани, луѓе, сцени од војните, изјави Милошевски.

Збирката на фотографии од овие слики Милошевски ја ставил на интернет, па дошле на идеја со новинарот и фотограф Зоран Андонов да се направи печатено издание, па така се раѓа идејата за Лексикон.

-Моја задача беше да направам балансираност на текстовите, тие беа собирани од различни страни од енциклопедии, од каталози, од аукции од библиотеки од каде не и требаше да се направи избалансираност, не само фактографски работи туку и да има и нота интересна за читателите. Предивик беше како да дојдеме до информации за овие сликари за нивниот престој во Македонија. Најдовме релевантни податоци, кога биле, како биле, по кој повод дошле во Македонија, резултат на таа истражувачка работа е овој лексикон со 400 страница, 246 биографии на сликари како и 590 фотографии има од тие сликари и нивни слики, изјави Зоран Андонов.

Во Лексиконот има и триесетина дела кои се насликани во Тетово. Лексиконот е помогнат од Министерството за култура како проект од национален интерес.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.