• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Протест на тетовските пензионери на плоштадот-Нашите деца се прашуваат дали ќе ја имаат истата судбина и затоа бегаат по белиот свет

13/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од 18 часот дел од тетовските пензионери се собраа на градскиот плоштад јавно да искажат незадоволство и да побараат власта да ги зголеми пензиите.  Тие истакнаа натписи со нивните барања, а повеќе пензионери зборуваа за состојбите со кои се справуваат поради ниските пензии.

-Бараме нешто што ни следува. Линеарно зголемување кај сите пензионери за 3500 денари, покачување на минималната пензија на 18 илјади денари, да врати бањско-климатско лекување на пензионерите, да се стават што повеќе лекови на позитивната листа, да нема партиципација при прегледи во здравство. Едноставно работи што навистина ни следуваат, ги повтори барањата Селвер Мемети, претседател на Здружението на пензионери.

Пензионерката Ленче Симовски порача дека младите гледајќи ги проблемите на повозрасните си заминуваат од државата.

-Дали власта не гледа дека секојдневно излегуваме на улици и бараме спас за нашиот достоинствен живот. Денес изјавија дека само 6 отсто можеле да ни дадат. Велат дека пензискиот фонд немал пари. Не е точно тоа. Пензискиот фонд има пари. Прашањето е, каде отишле тие пари. Секојдневно нашите деца и внуци не гледаат како излегуваме на овие протести и не прашуваат дали и ние ќе го доживееме ова. Дали и нас не чека ваква иднина. Затоа тие деца денеска ние бегаат по бел свет. Не бегаат тие од нас, бегаат од системот, се плашат за иднината, истакна Ленче Симовска.

Досега, пет недели по ред, тетовските пензионери се собираат пред објектот на Здружението на пензионери каде јавно ги истакнуваа нивните барања. За прв минатата недела се почнаа вечерни протести и на градскиот плоштад.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Пожар во фабрика за мебел, повредени пожарникари при интервенцијата

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
82%
2.24mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!