• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Протест пред тетовскиот суд на пладне за модуларната болница

16/08/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За денес во 12 часот се најавува протест пред Основен суд Тетово за модуларната болница во која животите ги загубија 14 луѓе при пожар на 8 септември 2021.  Повикот за протест по социјалните мрежи се споделува од граѓани и невладини организации.

Протестот следува по емитување на документарен филм во неделата, изработен од медиумската организација Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) насловен „Убиство во Тетово“ а посветен на оваа несреќа во која животите ги загубија 14 луѓе.

За пожарот во модуларната болница во тетовскиот суд имаше судски процес кој заврши на 5 јуни годинава. Тогаш условна осуда добија обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“.

Судот одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.  Бесими и Етеми добија утврдената казна затвор од по една година и шест месеци, која ќе се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од три години сторат ново кривично дело. Болницата треба да плати еден милион денари која треба да се плати 30 дена по правосилност на пресудат.

По завршување на судењето судијата Јордан Велковски образложи дека обвинетите не се обвинети за предизвикување на пожарот, а според него, обвинителниот предлог со ниту едно дејствие не ги обвинува обвинетите дека тие придонеле за пожарот.

Тетовското обвинителството поднесе жалба по повеќе од еден месец од изречената пресуда.

-Основното јавно обвинителство Тетово на 10.07.2023 година поднесе жалба на изречената првостепена пресуда, како во однос на висината на определената кривична санкција за двајца од обвинетите, така и во однос на ослободителната пресуда за еден од обвинетите. Причините за жалбата јавното обвинителство ќе ги образложи пред надлежниот суд, информираа од Обвинителството.

Поврзани објави

Вести

Мицкоски: Пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, власта да се вразуми и да ги исполни очекувањата на пензионерите

23/09/2023
Вести

Над 100 милиони денари инвестиции во Општина Брвеница, реализирани 80 проценти од ветената програма на половина од мандатот

23/09/2023
Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Вести

И денес продолжува гаснењето на пожарот во боровата шума над Милетино

23/09/2023
Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Следна објава

Двата стадиони недостапни за ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен - општината не одговара на нивните барања

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!