Сликарката Арбреша Амети вчера се претстави со првата самостојна изложба на слики во тетовскиот Центар за култура „Иљо Антески-Смок“.
„Текстурна естетика во сликарството“ е насловена изложбата која може да се погледне во фоајето на Центарот за култура.
-Пријатно експериментира и на крајот произведува уметничко дело. Како страстен авантурист на визуелната уметност, како убеден и искусен патник, Арбереша Амети не ја знае точно крајната форма на своето дело, но ги знае недостатоците и вредностите на делото, го креира и повторно го рекреира, оди далеку и повторно се враќа и вредно работи до совршена реализација на креативната идеја, посочи во својата рецензија, универзитетскиот професор Арлинд Фаризи.
ас
фото ЦК