• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Работилница на тема „Превенција од мозочен удар“ : Секоја инфекција и вирус како коронавирусот може да доведе до мозочен удар

20/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секоја инфекција, меѓу кои и коронавирусот може да биде причинител за појава на тромб и мозочен удар. Повисока здравствена култура и свесност за личното здравје и стил на живот, како превенција може да помогне да не дојде до појава на мозочните удари. Ова се дел од пораките на специјалистите невролози учесници на работилницата на тема „Превенција од мозочен удар“ во организација на Факултетот за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Поголем број на мозочни удари кај младите лица се должат на тоа што коронавирусот како и сите други инфекции на организмите може да предизвикаат нарушување на коагулациониот систем, истакна неврологот д-р Сања Џамбазова Зикова.

-Во склоп на короната имавме такви случаеви, а и не е само короната. Било која инфекција и други вируси може да бидат причинители на пред тромбогени состојба, кои што ќе доведат до мозочен удар. Секој инфект во организмот, не само короната, може да доведе и малигнитет. Може да доведе до формирање на протромбогена состојба во организмот да се создаваат тромби во организмот. Дали ќе отидат во мозокот, дали ќе отидат во белите дробови, тоа не може да знаеме, кај секој пациент е различно, меѓутоа и кај секој пациент е различно, дали ќе го презентира тоа или не. Може треба да има некоја подлога за тоа. Може има некоја вродено плус заболување па довело до мозочен удар, потенцира д-р Сања Џамбазова Зикова.

Докторката која одржа предавање на тема „Мозочниот удар може да се случи на која било возраст“, порача дека околу 10 до 15 посто од мозочни удари се јавуваат кај пациенти од 18 до 50 години, што е различно  од пред неколку децении кога се имало само кај повозрасни луѓе. Покрај познатите ризик фактори кои што ги има постарата популација, кај помладите, има и други ризици.

-Има специфичности во однос на дијагнозата, во однос на клиничката слика и во однос на понатамошниот нивен третман, со оглед на тоа дека тие претставуваат понатаму голем социо-економски проблем. Најголем дел, најголем процент значи од мозочните удари кај помладата популација ги викаме мозочни удари кај кои што не е откриена причината за мозочен удар и тие се викаат криптогени мозочни удари. Но овде од тој дел на криптоген мозочен удар, поголем дел негде од прилика околу 40 -50 проценти од тие пациенти имаат срцева аномалија која што може да биде предизвикувач на мозочниот удар, а во другата категорија спаѓаат и состојби кои што се поврзани со коагулангопати, односно нарушување на вродени или стекнати нарушувања на кондициониот механизам. Исто така, повреди на крвните садови на вратот значи покрај формирање на плаки и кај помладите пациенти, значи трауми на вратот со повреди на крвните садови и секако стилот на живот – употребата на никотин алкохол и наркотици, истакна докторката.

Д-р Данијела Војтикив Самоиловска порача дека мора да има повеќе едукација за населението како начин на примарна превенција од мозочни удари. Денешната едукативната работилница беше за студенти, а следната недела таа најави таква можност за граѓаните.

-Денешната работилница има за цел да даде информации, да ја подигне свесноста, едуцираноста за мозочниот удар како една хуманитарна катастрофа која најчесто се јавува кај повозрасната популација, но сè почесто од неа страдаат и помлади луѓе до педесеттата година. Повеќе испитувања во Македонија покажале дека нивото на свесност и знаењето за мозочниот удар сè на многу ниско ниво, посебно кај ризичната популација и затоа, со таа цел решивме да ги спроведеме овие низа на едукации. Ќе објасниме како да се препознаат симптомите на мозочен удар, навреме, што исто така е многу важно затоа што треба навреме да стасаат во болница. Имаме тераписки прозорец за лекување на исхемичниот мозочен удар.  Имам една статистика од пред две години, 5 037 случаеви нови, на 100 000 жители. Статистиките ќе ги почекаме, ама сигурно дека не можеме да се пофалиме со некое ниво високо на здравствена култура и свесност за ризиците за вакво сериозно заболување, изјави д-р Данијела Војтикив Самоиловска.

Работилница на тема „Мозочен удар кај женската популација“ одржа неврологот проф.д-р Анита Арсовска. Презентација на тема „Здравствена заштита на пациентите со инвалидитет по мозочен удар – оптоварување по мозочен удар“ имаше м-р Шпреса Бафтијари, координатор на Центарот за симулација на Факултетот за здравствени науки на УЈИЕ.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово продолжи со сведочење на вешти лица и медицински сестри

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!