• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Работниците од „Медицинска пластика“ 16 години чекаат неисплатени плати, стаж и акции

14/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дел вработените кои работеле во АД Медицинска пластика-Тетово денеска одржаа јавен протест со цел да алармираат дека иако изминуваат 16 години од почеток на стечајната постапка се уште чекаат да им се исплатат заостанати плати, здравствено и пензинско осигурување и акции.  Тие се одлучиле да реагираат на денешен ден преку јавен протест со оглед дека во 2006 година почнала стечајната постапка.

-Во моментот кога отидовме во стечај имаше пет најголеми доверители.  Ние вработените со околу два милиони евра бевме најголеми доверители. Стечајот го покрена една банка кон која имаше околу 870 илјади евра долг.  Имаме потпишано договори за вонсудска спогодба со обврска на раководството за три години да ни ги врати парите, неисплатени плати што ни должеа. Ништо нема исплатено во текот на стечајната постапка. Од 2002 до 2006 нема платено придонеси за здравствено и пензиско осигурување, односно стаж, изјави Михајло Илиќ, еден од работниците.

Работниците велат дека револтот е голем затоа што нивната голгота трае со години. Тие бараат од државните институции да го решат нивниот проблем и на тој начин да докажат дека функционира правниот систем.

-Имаме сознанија дека фирмата се продава. Купена е за 300 илјади се продава за пет милиони евра. Немаме против, само сакаме да бидеме исплатени. Не бараме социјална помош од државата туку бараме правата да ни да средат и да не исплатат тоа што е наше.  За сите овие 16 години нема исплатено ниту една вонсудска спогодба, а нема исплата ниту за оние кои ја тужеле фабриката и го добиле спорот на суд. Го повикувам претседателот и премиерот да реагират, со оглед дека е почнат скринингот за членство во Европска унија, но на овој начин не може, затоа што има вакви примери како нашиот, каде ние сме оштетени, изјави Верица Ивановска.

Во Медицинска пластика работеле онолу 560 работници.  Во погоните се произведувале материјали за еднократна употреба во медицината.

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Движење Антикоцкање Тетово иницира референдум за да се отстранат објекти за игри на среќа од населените места

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.