• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Движење Антикоцкање Тетово иницира референдум за да се отстранат објекти за игри на среќа од населените места

14/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Движењето Антикоцкање од Тетово денеска организираше јавна дебата како дел од процесот да се иницира локален референдум со цел да се прашаат граѓаните дали сакаат да се отстранат објектие за игри на среќа од населените места. Тие велат дека овој чекор е последица на алармантната ситуација во цела држава поради огромниот број на вакви објекти низ цела држава.

 

-Намерното лошо менаџирање не доведе во ситуација да мораме да бараме начин и решение како да се извлечеме од оваа ситуација. Експертите за право образложја на главната тема- референдум за оддалечување на сите објекти на игри на среќа. Иницијативата ќе потекнува од нас,ќе почнеме од Тетово и ќе продолжиме со идејата во сите други градови и општини да се организира тој референдум и еднаш засекогаш да се реши проблемот со овие објекти на игри на среќа. Прашањето ќе биде дали сме да се оддалечат сите овие објекти за игри на среќа, изјави Џемал Абдиу од Движење Антикоцкање.

 

Професорот по правни науки Ќебир Авзиу објасни дека ако општина Тетово организира ваков референдум тоа да има нема облигативна обврска за Владата и Собранието бидејќи државата е со унитарен карактер и законите важат на цела територија. Според него поважно е што ќе започне процес за кој смета дека ќе има поддршка и од другите општини и градови.

 

-Факултативен референдум може Советот на Општина да распише меѓутоа ние знаеме дека тоа не е од обврзен карактер за Владата и за државата но сметаме дека индиректно ќе има позитивно влијание.Верувам дека многу граѓани ќе одговарат со негативен одговор и дека не сакаат да имаат игри на среќа во населеното место. Сметаме дека колку толку ќе се прати една порака до другите општини до другите граѓани да почнат да организираат вакви референдуми и кога цела територија на државата ќе се организира со огромен број референдуми против и тогаш ќе размисли добро Владата дали ќе биде за отворање на казина. Целта е тоа денеска општината да се организира ваков референдум, од факултативен карактер меѓутоа колку толку ќе влијае позитивно и во наша територија и на ниво на држава, рече професорот Авзиу.

 

За да се организира локален референдум потребни се потписи на 20 отсто од вкупниот број на избирачи во таа општина. Движењето Антикоцкање се формираше во 2016 година и бара промени во законите со цел да се отстранат објекти за игри на среќа надвор од населените места.

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

Утре е помоцијата на најновиот роман „Срна“ на писателката Славица Дабевска Ќировска

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
11 ° c
76%
8.23mh
99%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!