Учениците од ООУ „Коста Рацин“ од тетовска Брвеница денес имаа можност да се запознаат со дел од јапонска култура изразена во уметнички дела кои го добија од нивните врсници од две училишта од Јапонија.
Сликите изработени од учениците од Јапонија се испратени преку интернет по што се испечатени и поставени на изложбени паноа во училиштето. На изложбата беа поставени и сликите кои се изработени од учениците од ООУ „Коста Рацин“ и пратени до врсниците во двете јапонски школи.
– Идејата за реализација на ликовната изложба е на ликовниот педагог Јасунари Ишида од Јапонија и ликовниот педагог Лина Тренкоска од нашето училиште. Уметниците ветија дека ваквите изложби ќе продолжат да се реализираат во иднина со цел децата од Јапонија и Македонија да се запознаат со различните култури и преку ликовни дела да ја прикажат својата инспирација, информираат од ООУ „Коста Рацин“.
Изложбата е насловена „Мистериозниот сон на детето“, а ученици се од основно училиште „Камитеру“ од Нагахама и Отсу алтернативно училиште „Триумф“ од Шига.
ас