Соопштение на Општинската организација на СДСМ Јегуновце:
Неспособниот Костадиноски кој што веќе 3 години е градоначалник на општина Јегуновце и има нула реализирани проекти, да престане да се жали и вината да ја префрла на друго место.
Соочен со фактот дека не може да го испорача тоа што го вети на изборите во 2021 година, сега наоѓа алиби и виновник за наводни опструкции и притисоци од страна на институциите и него лично.
Костадиноски никој, па најмалку лица од СДСМ ви вршат притисок и опструкции, баш напротив институциите од системот како што се Владата, ЈПДП, Бирото за регионален развој и други ви доделија пари за проекти за реконструкција на улици, паркови и други проекти за кои вие ги прикажавте како ваша инвестиција.
Вие треба да сте благодарни на поддршката на Владата предводена од СДСМ, бидејќи институциите на системот даваат поддршка за секој граѓанин вклучително и за граѓаните од општина Јегуновце.
Во оваа прилика сакаме да ве прашаме како си поминувате на семејните и партиските забави платени со општински пари во вашите омилени ресторани?
Колку пари за 3 години се исплатени на вашите омилени ресторани и кафани?
Дали и колку службениот автомобил од општина Јегуновце го користите после работно време и за викенди?
Дали вашата сопруга веќе една година е унапредена на работно место во општина Јегуновце, со ваш потпис и согласност и само таа е унапредена од сите вработени во општината?
Граѓаните треба да знаат дека вие од најголем домаќин како што бевте претставувани, излеговте најголем манипулатор и лажго, на кој што веќе никој не му верува.
Костадиноски вашето време на лажен патриотизам како главна одлика на ВМРО – ДПМНЕ заврши. Наскоро ќе се соочите со казната од граѓаните на општина Јегуновце и ќе одговарате за сите незаконски постапки кои ги правите.