На почетокот на 2024 направете го вистинскиот потег – резервирајте ги МЕГА БЕНД за Вашата свадба која ја планирате за оваа година.
МЕГА БЕНД постои повеќе од 10 години и има соработувано со речиси сите естрадни уметници со кои настапиле на голем број свадби.
На свадбите бендот има широк репертоар со кој настапува, а ги исполнува повеќето жанрови на музика кои се изведуваат на свадбените веселби: народна (свадбарска) музика, популарна фолк музика, изведба на тапани и зурла во традиционален стил, латино со конги, рок, реге и слично. Воедно МЕГА БЕНД имаат и свои авторски песни.
МЕГА БЕНД е составен од Сашо Костадиновски на ударни инструменти, Влатко Петковски на бас клавијатура, Бобан Илиевски на дувачки инструменти, Јовче Петковски на хармоника, Јован Василевски клавијатура и вокалот Бобан Велјановски.
Вокалот Бобан освен на сваддбените веселби својата кариера ја гради и на фестивалските сцени како на Фолк фест Валандово, Лешочки фолк фест, Роса и со голем број авторски песни.
Тетовскиот МЕГА БЕНД е меѓу ретките музички состави во Македонија кои го сочинуваат музичари со универзитетско музичко образование, а дел од нив и самите се професори на музичката уметност.
За контакт со МЕГА БЕНД и резервации побарајте го Сашо Костадиновски на 078-840-041
А сега видете ги виртуозните настапи на овој тетовски музички состав на нивите профили на социјалните мрeжи
https://www.youtube.com/@megabandmk2833
https://www.instagram.com/mega.bend?igsh=cTVmMmYyenM1cGsy
https://www.facebook.com/profile.php?id=100063776310582
ПР објава