Саем за презентација и продажба на мед и пчеларска опрема овие петок и сабота 15 и 16 септември организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“. Манифестацијата е насловена „Слатки денови на Тетово“, а ќе се одржи на отворено на градскиот плоштад со почеток од 10 часот.
-Оваа манифестација„Слатки денови на Тетово“, е петта по ред. Повеќе десетици пчеларите кои се членови на здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“ ќе се претстават со нивните производи на плоштадот, информираат организаторите.
Во претходните години двете здруженија организираа и натпревар за квалитет на мед „Тетово награди за мед“ но годинава нема да се одржи.
ас