СДСМ ќе одржи митинг во Тетово за промоција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во сабота 13 април 2024 година од 20 часот на улица „Јане Сандански“ позади Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.
„Пред нас е момент кога сите ние го одредуваме насоката на нашата држава и понатамошниот развој на нашето општество. Токму затоа потребен ни е претседател со визија, претседател кој знае да носи правилни одлуки и претседател кој не се откажува од нашата цел, Македонија дел од големото европско семејство. И ние таков претседател имаме … Го имаме Стево Пендаровски, нашиот претседател, визионер со европска перспектива, со изразита посветеност за напредокот на државата и додатен импулс за развојниот пат и европски успех на нашата држава. Нашиот претседател има јасен став за иднината, чија стратешка цел е мир, стабилност и просперитет, држава членка на Европската Унија. Затоа, во сабота на ден 13.04.2024 година со почеток во 20:00 часот зад Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово Ве покануваме одблиску да го слушнете неговиот план за иднината, неговиот план за успешна и просперитетна држава, соопштија од општинската организација на СДСМ Тетово