• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СДСМ Тетово: До кога општинската власт ќе кажува само препораки, кога ќе слушнеме за поконкретни мерки за справување со аерозагадувањето?

17/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Глигорије Стојановски, советникот од редовите на СДСМ Тетово одржа прес конфренција:

-До кога општинската власт ќе кажува само препораки, кога ќе слушнеме за поконкретни мерки за справување со аерозагадувањето? Досега видовме дека препораките не ја подобрија ситуацијата. Препораките не се мерки, а најмалку решенија, ниту за денес, ниту за понатаму. Општината констатира граѓаните да внимаваат на начинот на затоплување, да не користат автомобили без поголема потреба и да го користат јавниот превоз, апелираат до стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да одбегнуваат сè што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот.

Не слушнавме што општината конкретно презеде.  Дали има направено план за справување?

Препорачуваме краткорочни мерки:  – Аеросолизација на улиците;  Бесплатен јавен сообраќај; – Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока; – Зголемување на инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла; – Контрола дали навистина досега субвенционираните домаќинства ги користат инвертер климите; – Управувување со отпадот и намалување на депониите.

Долгорочно: – Додека уште малку можност има, справување со архитектонските бариери и зголемување на зелените површини; – Квалитетни сообраќајни решенија, изградба на обиколницата и булеварите; – Промена на греењето во јавните институции и во домовите. Градот е загушен од новоградби кои го спречуваат провевот. Дополнително, инспекторите надлежни за бесправно изградени објекти, а кои објекти го спречуваат нормалното движење на воздухот и придонесуваат за зголемено загадување, редовно и законито да постапат согласно постоечката регулатива.

За сè што е преземено и се презентира дека е постапено истото да биде поткрепено со соодветни докази за кои јавноста ќе има пристап до тие информации, истакна Стојановски на прес-конференцијата.

 

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

ЖФК Љуботен ја доведе репрезентативката Бојана Петкова

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.