Третиот Лешочки камерен музички фестивал почна со одржување во петокот навечер со два концертни настапи. Пред публиката во Духовно културниот центар „Кирил Пејчиновиќ во тетовски Лешок, прво настапија гудачкиот дует Соња Смилеска-Михајловски на виола и Михајло Михајловски на виолина, додека на вториот концерт дуетот Шкељзен Пајазити на виолина и Јетмир Мехмеди на гитара.
– Свеченото отворање беше проследено со два концерти на одлични уметници и прекрасана програма и публика. Изведена беа композиции од П. И Чајковски, М. Равел, Л. В Бетовен, Е. Елгар, Х. Цимер и Џ. Вилијамс од страна на гудачкиот дует. На програмата имавме можност да слушнеме обработки на познати композиции и филмски теми, Обработките за виолина и виола се од Михајло Михајловски. Дуетот на виолина и гитара се претставија со дела на Н. Паганини, А. Пјацола, Х. В Лобос, информираше уметничкиот раководители на фестивалот Маја Шутевска Кировска.
Втората фестивалска е утревечер, недела 17 септември, а ќе настапат младите музички уметници сопранот Мила Николовска-Ѓумар и Ана Гаштаровска на пијано. Истата вечер на вториот концерт ќе настапат гостите од Бања Лука, Иван Оташевиќ на виолина и Снежана Поповиќ-Вулета на пијано.
Целта на фестивалот е приближувањето на различните култури преку универзалниот јазик – музиката, како и промовирање на истакнати и млади музички уметници од Полошкиот регион, со едно гостување од странство.
Мотото на фестивалот е „Зближување преку уметноста-приближување на различни култури преку универзалниот јазик-музиката“.