• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се отстрануваат остатоците од изгорената модуларна болница во Тетово, ќе чини речиси 6 илјади евра

06/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Почна процесот на отстранување на остатоците од изгорената модуларна болница во Тетово.  За отстранувањето Клиничката болница склучи договор за јавна набавка со приватна фирма. Работници од вчера започнаа со демонтирање на делови од монтажниот објект, а за отстранување на изгорените остатоци се користи и механизација.

Според Електронскиот систем за јавни набавки Клиничка болница Тетово на 25 ноември склучила договор со приватната фирма која треба да изврши отстранување на изгорениот објект на модуларната болница. Вредноста на договорот, односно цената за расчистување на остатоците од изгорениот објект изнесува 354 илјади денари со вклучен ДДВ или над 5700 евра.

Според договорот фирмата е должна да ја изврши работата по добиен писмен налог од  болницата во кој ќе бидат вклучени датумот на почеток на работите и рокот за завршување.

За отстранувањето на изгорениот објектот директорот на болницата најави на почетокот на ноември.

-Верувам дека во иднина таму ќе предвидиме една спомен плоча за почит за сите пациенти и на нивните семејства. За понатамошните планови заедно со министерството ќе се координираме што ќе предвидиме во тој дел, истакна директорот Амир Елези во ноември во болницата каде беше извршено примо-предавање на донирана медицинска опрема.

За пожарот во модуларната болница што се случи на 8 септември 2021 осомничени се двајцата поранешни директори, еден доктор и Клиничката болница како правно лице.

Досега почетокот на судскиот процес на три пати се одложува поради разни причини.  Следното рочиште е закажано за утре 7 декември во 10 часот.

ас

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Апел за донации-Се менува покривот на црквата Свети Спас во Долно Палчиште, потребни се уште средства

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!