• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Драмското студио Тетово најавува втора премиера за 2023 година – комедијата „Вај-Фај“, која се подготвува периодов за изведба на 9 мај во тетовскиот центар за култура „Иљо Антески Смок“.

Комедијата „Вај-Фај“ е текст на српскиот драмски автор Мирољуб Недовиќ, а преводот на драмскиот текст, адаптација и режијата се на Мирко Видоески.

Режисерот потсетува дека оваа втора премиер на Драмското студио следува брзо по првата премира на 11 март кога беше изведена монодрамата ,,Иконија, пардон матмазел Ика“, која беше одлично примена од тетовската театарска публика.

-Комедијата “Вај-Фај“ низ дијалозите на актерите ја отсликува денешната состојба во општеството. Притиснати со својата борба за егзистенција, истовремено се грижиме за сопствените деца , кои својот дом го засноваат некаде далеку, во туѓиот свет во којшто заминуваат по некој подобар живот, а на постарите (родителите) им останува со нив да комуницираат преку интернет (Wi-Fi). Иако на прв поглед делува како урнебесна комедија, во текот на претставата провејуваат повеќе жанрови како драма и мелодрама со сатирични сегменти. Недовиќ е авторот на комедијата „Европјани“која пред шест години беше изведена од Драмското студио во Тетово и Скопје и којашто наиде на извонреден прием кај публиката, изјави режисерот Мирко Видоески.

Претставата е комедија на ликови, карактери, ситуации и дијалози.   Во претставата настапува проверена актерска екипа на Драмското студио Тетово која ја сочинуваат Наташа Петровска, Драгана Радованов, Глигорије Стојановски, Лазар Саровски и Игор Бачоски.

ас

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Следна објава

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!