По поништување на гласањето на седум избирачки места од 8 мај од страна на Државната изборна комисија (ДИК) денес има прегласување во Општина Желино во селото Ларце. Во избирачкото место број 2101 евидентирани се 993 гласачи.
„Прегласување има само на едно избирачко место со број 2101 во село Ларце, Општина Желино. Гласањето почна точно во седум часот и се одвива без проблеми. Треба да гласаат 993 луѓе. Нормално работи апаратот за идентификација и гласањето се одвива“, изјави Бујар Сулејмани, претседател на ОИК Желино.
На 22 мај својот глас го искористиле 48 проценти од запишаните гласачи, односно 479 луѓе од кои девет биле беа неважечки ливчиња.