Денот на пролетта и Денот на екологијата 21 март е поводот денес групи по улиците на градот да подигнуваат фрлени отпадоци по улиците, тротоарите и зелените површини и да ги собираат во најлонски кеси. Вакви акции имаа вработени во општинската администрација, јавните претпријатија и средните училишта.
„Оваа акција има за цел да го подобри изгледот и чистотата на нашиот град, како и да ја промовира свеста за заштита на животната средина“, е пораката која ја испратија од Општина Тетово.
Членовите на Здружението на пензионери од Тетово повод Денот на пролетта и Денот на екологијата го доуредуваа нивниот двор како и дел од улиците во близина.
„Денес 21 март ден на пролетта која кај нас се манифестира со акција за чистење на одредени улици и давање на позитивен пример кај другите граѓани да внимаваат каде ги фрлаат нивните отпадоци. Мислам дека е многу позитивно за да се обезбеди чиста средина, чист воздух за да може да дишат и пензионери и младите луѓе и деца. Не доаѓаат од другите градови да фрлаат отпадоци туку ние самите. Би ги замолил сите граѓаните на Тетово да внимаваат на животната средина“, изјави Селвер Мемети, претседател на Здружението.
Нема, а треба да има места во градот каде постојано ќе биде чисто, за да можат сите да се одморат во мир и зеленило, порача Мирко Јовчевски, претседател на Собранието на Здружението.
„Сведоци сме на негрижата на целото население за екологијата, што се однесува за места за одмор или прошетка, за жал Тетово се претвори во една асфалтна и бетонска територија каде што и тие зеленила кои ги имаше во минатото се претворија во градби. Ние како Здружение на пензионери го уредивме нашиот двор поставивме и клупи меѓутоа рак-рана на тој е локацијата на контејнерите, одма до паркот наш и тие нередовно се собира смет и се создава смрдеа и затоа пензионерите не можат да уживаат во овој амбиент, изјави Мирко Јовчевски.
ас