Ако добро го зборувате германскиот јазик и сте заинтересирани за работа од дома со натпросечна плата и одлични бонуси, притоа да добиете и 500 евра како бонус за добредојде, ве очекуваме на Деновите на отворени врати кои компанијата Teleperformance ги организира во Тетово во Среда, 19. Јуни 2024 г. од 09:00 до 19:00 часот во хотелот Лирак.
Teleperformance, глобален лидер од телекомуникациската индустрија, продолжува да го проширува својот тим во Македонија и активно бара познавачи на германскиот јазик кои се заинтересирани да работат од дома за едни од најпрестижните светски брендови.
Сега Teleperformance „ја отвора вратата“ и за сите оние кои го знаат германскиот јазик во Тетово и сакаат да работат од удобноста на својот дом. Компанијата организира Ден на отворени врати во Тетово во среда, 19. Јуни 2024 г. од 09:00 до 19:00 часот во хотелот Лирак.
На настанот “Ден на отворени врати“ секој што го познава германскиот јазик може да дојде, да се запознае со претставници од компанијата и, на крајот, ако одлично го зборувате германскиот јазик уште веднаш ќе ви понудиме работно место во Teleperformance.
Дополнително, компанијата дава и 500 евра бонус за добредојде на секој кандидат што ќе биде вработен на настанот Ден на отворени врати во Тетово. Работата ќе се извршува 100% од дома со целосно обезбедена опрема и обука од страна на компанијата.
Што нуди Teleperformance?
Натпросечни плати и бонуси – компанијата нуди конкурентни плати и бонуси за своите вработени кои се над просекот во индустријата.
Можности за кариера – Teleperformance нуди безброј можности за кариера и напредување во локални и меѓународни рамки.
Платена обука од прв ден – сите кандидати имаат договор за вработување и платена обука од првиот ден.
Германски стандарди за работа – одлична работна атмосфера во ултра модерни канцеларии во срцето на Скопје или од удобноста на вашиот дом.
Не сте од Тетово?
За кандидатите надвор од Тетово, Teleperformance нуди можност за работа од дома, од кое било место во Македонија. Ако зборувате германски јазик, се што треба да направите е да аплицирате на www.TPSkopje.com.
Teleperformance е најголемата глобална компанија за кориснички услуги која нуди извонредни можности за кариера. Компанијата брои повеќе од 500.000 колеги во 100 земји ширум светот со над 40 години традиција. Teleperformance котира на Euronext берзата во Париз, дел е од Global Compact иницијативата на ОН и е сертифициран од Great Place to Work®.
ПР објава