• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Независниот синдикат на државна администрација информира дека денеска поднеле барање до Државниот инспекторат за труд да направи вонреден надзор во Општина Тетово бидејќи локалната самоуправа сè уште нема исплатено плата за декември.  Плата не добиле вработените во општината како и пожарникарите.

-Поднесовме барање за вршење на вонреден инспекциски надзор до Државен трудов инспекторат, а со цел констатирање на неправилности на правата од работен однос а се однесуваат за плата и додатоци од плата, за декември 2022, а треба да се исплати до 15 јануари. Денеска е веќе 26 јануари, не е исплатена платата и ние како Синдикат реагиравме и го поднесовме овој акт, информираше денеска Горан Ристески, претседател на Независниот синдикат на државна администрација.

Од синдикатот велат дека иако барале не добиле одговор од општина Тетово за состојбата и затоа го поднеле овој поднесок.

-На неколку пати се обидов да разговарам со овластени лица од општината, а со цел да ја ја видиме која е причината поради која не е исплатена платата за месец декември во јануари месец. Не најдов на разбирање односно никој не се одзва ниту за состанок ниту пак да ни објасни за причините за истото. Ако нема исплата на плата ќе има протести од членовите на синдикатот вработени во Територијалната противпожарна единица во Тетово, изјави Ристески.

Побаравме одговор од Општина Тетово за состојбата преку електронска пошта, но од таму не добивме објаснување на што се должи доцнењето на платите и кога ќе има исплата.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.