Општина Тетово информираше дека неодговорни лица продолжуваат да го уништуваат јавниот имот во градот.
-Оштетена е опремата за детски игри која општината ја постави на повеќе места во градот. Последниот случај е евидентиран кај реката Пена помеѓу улиците „Благоја Тоска“ и „В.С. Бато„, каде опремата за игра била фрлена во реката. Ваквите грди постапки никому не му користат, напротив претставуваат грда слика за нашиот град. Опремата е на сите, градот е наш. Ако не работиме заедно, ќе ни биде тешко да се развиваме и да одиме напред. Апелираме до граѓаните да го заштитат градот. Се надеваме дека надлежните ќе ги пронајдат и казнат оние кои ги оштетиле реквизитите што ги користат децата.
Во октомври на слична тема читавте на Тетово инфо:
Насекаде има камери во Жена парк ама нема казнети несовесни поединци за оштетувањата