• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово – слика во сув пастел, дело на охридскиот сликар со тетовско потекло Ѓоко Симјаноски

24/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово – слика во сув пастел, дело на охридскиот сликар со тетовско потекло Ѓоко Симјаноски.

Пoкрај оваа слика, околу 15-тина слики со тетовски мотиви и околу 30-тина слики со охридски мотиви, ќе бидат промовирани овој петок (26 мај), во Домот на АРМ / Музеј на тетовски крај, со почеток во 19 часот, како дела од самостојната ликовна изложба на Ѓоко Симјаноски, охридски ликовен уметник, по професија електроинженер, а по потекло – тетовец од Два Бреста.

Ликовна приказна за дражот на Охрид, балканскиот Ерусалим и Тетово, „мау Париз“ ќе биде претставена пред тетовци. Свеж потсетник за нашите ридести градови во кои се опеани песните за Билјана и Трпана, но и за не толку забележаното околу нас, а сè помалку присутно. Оваа изложба евоцира спомени, потсетува на убави мигови, оживува случки и настани, а сè тоа го прави на еден ненаметлив, а сепак привлечен и природен начин – онакви какви што се и боите и техниката – пастелни и нежни, но воедно живи и колоритни.

Особено тетовската колекција можеби поинтересна за тетовската јавност, на едно место собира повеќе култни објекти и простори, но и не толку откриени, слики кои сами по себе кријат своја приказна која чека да биде истражена и откриена. Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, црквата „Св. Богородица“, Старата пошта, делови од улицата Гоце Делчев, Шарената џамија, тетовскиот амам… се дел од мотивите кои се застапени во делата на авторот.

Ликовна заокружена приказна која гледачкото око ќе го „нурне“ во длабочините на историјата и несекојдневието. Уметничка целина која ќе одведе низ тетовските и охридските калдрмисани улици и сокаци, создавајќи природен и автентичен приказ за градовите какви што се – или какви што сè помалку се

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Од 11 до 17 часот изречени 103 казни за брзо возење

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!