• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Сообраќаен режим утре во Тетово поради посетата на косовскиот премиер Албин Курти

10/08/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Утре, петок 11 август во Тетово, по повод престојот на официјална делегација на Република Косово, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје во периодот од 5 часот наутро до завршувањето на официјалната посета.

Според информациите од Општина Тетово делегаацијата на Косово, предводена од премиерот Албин Курти ќе ја посети Општина Тетово во 16 часот, а потоа планинските села Вејце и Селце. Вечерта од 20.30 часот предвидено е Курти да присуства на концерт на плоштадот.

СВР Тетово информира дека утре ќе биде забрането паркирање на возилата на булеварот „Маршал Тито“, на потегот од крстосницата со улицата „Видое Смилевски-Бато“ до плоштадот, булевар „Благоја Тоска“, улица „ЈНА“.

-Покрај ова, нема да биде дозволено паркирање на улицата „ЈНА“, на потегот од крстосницата на улицата „Димо Гавровски-Кара“ до булеварот „Илинденска“, како и на булеварот „Илинденска“, на потегот од крстосницата на булеварот „Маршал Тито“ со улицата „ЈНА“, на улица „Тодор Циповски-Мерџан“ и дел од улица „Иво Рибар Лола“. На сите други улици во градот каде е веќе забрането паркирање ќе се санкционираат и подигнуваат возилата, со цел да се обезбеди непречено и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Воедно СВР Тетово апелира граѓаните да не се движат со нивните возила во централното подрачје без поголема и неодложна потреба, но и да имаат разбирање и трпение за изменетиот сообраќаен режим и да ги почитуваат и да постапуваат по наредбите и насоките на полициските службеници, со што непосредно ќе придонесат за безбедна реализација на официјалната посета на косовската делегација

Од друга страна Општина Тетово и „Градски паркинг“ одлучија утре сите останати паркинг места во Тетово да бидат бесплатни.

-Ги замолуваме граѓаните утре да не ги паркираат автомобилите на зоната А2 и А3 за да избегнат казни. Исто така, ги известуваме граѓаните дека утре ќе бидат отворени дворовите на основните и средните училишта, како и паркингот зад зградата на општината, се вели во информацијата од Општината.

Од Општина Тетово воедно информираа дека премиерот на Косово, Албин Курти и градоначалникот на Тетово посетата на Вејце и Селце ја прават со цел иницирање на идејата за поврзување на сите планински села на патот Тетово-Призрен.

Општината постави неколку билборди со натпис „Добро дојде во Тетово премиер“.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Планирани прекини во снабдување со електрична енергија за петок 11 август 2023 година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!