Денеска (14 октомври) во 8 часот во СВР Тетово пријавена е сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во тетовско Џепчиште, а во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: “фолксваген туран” управуван од С.З.(45) од тетовско Доброште и “Фолксваген голф” што го управувал Д.С.(63) од тетовско Теарце
-Во несреќата, возачот на “туранот” се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило И.М.(33) од тетовско Јажинце завршил со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.На местото на несреќата увид врши екипа на СВР Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.