Три лица се повредени вечерва во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар околу 20 часот и 45 минути поради што до 21 часот и 10 минути движењето на возилата беше во прекин. Сообраќајката се случила кај клучката за село Камењане, Општина Боговиње.
-Вечерва во 20 и 45 минути, во СВР Тетово пријавена е сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Гостивар-Тетово,во близина на клучката за тетовско Камењане, а во која учествувале две патнички моторни возила од кои едното со странски регистарски ознаки.Три лица, првично, се здобиле со повреди и пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираа од Министерството за внатрешни работи.
По сообраќајката започна да се врши увид, а сообраќајот се одвива забавено.